Јагелонија ѝ ја украде славата на Шкендија во последната секунда

Точка

06/11/2025

23:32

288

Големина на фонт

а а а

Шкендија беше на чекор до голема победа против полската Јагелонија, но судбината реши поинаку.

По мирно прво полувреме, во кое двата тима внимателно се одмеруваа, тетовци ја презедоа иницијативата веднаш по паузата. Во 49. минута, по маестрален центаршут од корнер на Вебстер, Љатифи скокна највисоко и со глава ја затресе мрежата — 1:0 за радост на навивачите на Шкендија.

По водството, тимот на Ернест Ѓока играше самоуверено и создаде уште неколку шанси да ја потврди победата. Сепак, реализацијата изостана, а фудбалот повторно ја покажа својата суровост.


Кога сите очекуваа последниот свиреж и заслужени три бода за македонскиот претставник, во судиското продолжение Јагелонија направи брз напад по левата страна. Топката стигна до Серхио Лозано, кој со прецизен удар го матираше голманот на Шкендија — 1:1 во последната секунда.

Со овој гол, полскиот тим си „украде“ бод во Тетово, а Шкендија остана со горчлив вкус — меч во кој одигра подобро, но не успеа да го затвори како што посакуваше.