Де Јонг ја посочи најслабата страна на Барселона и испрати сурова порака: Не бевме најдобри и минатата сезона!

Дерби

06/11/2025

11:53

188

Големина на фонт

а а а

Френки Де Јонг има далеку поголема одговорност во ситуација кога Педри не е на теренот, а во ситуација кога Барселона изгледаше крајно неубедливо во Белгија кај Клуб Бриж, Холанѓанецот беше оној кој даваше коментари по ремито со резултат 3:3.

Шпанскиот првак изгледа доста поранливо во одбрана во споредба со минатата сезона и прима доста повеќе голови, но Френки потенцира дека тимот е свесен за своите проблеми, од кои тој посебно го апострофираше оној кога тимот треба да трча во одбрнаа.

– Има работи на кои треба да се прилагодиме и на кои треба да работиме. Знаеме што ни недостасува, но не секогаш успеваме да го решиме тоа на теренот.

– Малку сме слаби во маркирањето кога трчаме назад, имаме проблеми со контранападите на противникот и позиционирањето во дефанзивен поглед, – изјави Де Јонг, кој потоа од новинарите беше потсетен дека Барселона изгледаше далеку постабилно со високо поставената одбрана минатата сезона.

– Минатата сезона мора да ја оставиме зад нас. Да ве потсетам дека и минатата сезона не бевме најдобар тим во Европа. Мора да се подобриме, не ја освоивме Лигата на шампиони и минатата сезона, а исто така примавме доста голови на натпреварите во Европа. Мора да се подобриме во целост, – изјави Де Јонг.