Аталанта успеа да го освои „Велодром“ и во 90-та минута постигна гол вреден победа и три бода, откако претходно гостите не реализираа пенал, а им беше поништен и еден гол поради офсајд.
Со прикажаното на теренот, италијанскиот тим можеби и заслужи три бода, но сепак не на начин на кој стигна до нив во самата завршница.
Акција за голот на Самарџиќ носи големи контроверзии во зачетокот на истата, бидејќи пред Србинот да постигне мајсторски гол со лева нога, дел од играчите на Марсеј прекинаа со игра.
Домашните фудбалери чекаа прекин на играта и бараа пенал откако Едерсон играше со рака во сопствениот шеснаесетник, па иако постоеја сите елементи за најстрога казна, шпанскиот судија Санчес Мартинез не ја прекина играта и потоа следеше најлошото сценарио за Марсеј.
Аталанта постигна гол од контрата која започна со играњето со рака на Едерсон, па иако ситуацијата се проверуваше во ВАР, на крајот немаше измена на одлуката и голот на Самарџиќ остана да важи на семафорот.
Видеото погледнете го ТУКА.







