Велјко Пауновиќ доби шанса да ја води српската фудбалска репрезентација и без многу размислување ја прифати понудата која ја доби од Федерацијата, нешто што дојде во вистински момент откако неколку недели претходно остана без работа во Овиедо.
Пауновиќ пристигнува во српскиот тим со големи амбиции и желба да се подобри актуелната атмосфера и лоша форма во репрезентацијата, а прв тест за него ќе биде дуел против моќната Англија која не загуби ниту еден натпревар, но не прими и ниту еден гол во досегашниот тек на квалификациите.
– Првиот натпревар секогаш е најважен, максимално сме фокусирани на Англија. Тие веќе обезбедија пласман на Светското првенство и доминираа во текот на квалифкациите. Немаат примено ниту еден гол и нивните напаѓачи немаат милост. Тоа е најтежок можен противник за старт, но во фудбалот се игра 11 против 11. Срце, вера и добра подготовка често прават голема разлика. Сакаме да бидеме храбри, паметни, организирани и да веруваме во нашите шанси докрај, – изјави Пауновиќ, кој вели дека неговиот татко му говорел за победа остварена над Англија во далечната 1968-ма година.
– Мојот татко Благоја бил дел од тој тим, а и претседателот Џајиќ. Се сеќавам на тие моменти од снимките кои ги имам гледано, сум ги слушал и приказните од мојот татко. Англија тогаш била актуелен светски шампион, сме ги победиле тогаш, зошто не и сега. Да дадеме се од себе, фудбалот секогаш ви нуди нова шанса и нема ништо невозможно во оваа игра. Треба да бидеме вредни и да се избориме за нешто големо, – изјави Пауновиќ кој на клупата го наследи легендарниот Драган Стојковиќ Пикси.
Натпреварот меѓу Англија и Србија се игра на 13-ти ноември на „Вембли“ со почеток во 20:45 часот.







