Гитаристот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Перо Камиказа, ја изненади јавноста со последната Фејсбук објава во која откри дека познатиот радио-водител Драган Б. Костиќ, познат по легендарната емисија „Диско селектор“, се соочува со сериозен здравствен предизвик.
Иако не откри детали за неговата состојба, Перо истакна дека омилениот радио-водител на бројни генерации и човекот со еден од најпрепознатливите гласови се чувствува подобро и дека неговата силна волја за живот игра голема улога во закрепнувањето.
„Драган. Б. Костиќ овие неколку месеци ја бие својата животна битка, да се биде или не. Сполај му на бога, но и вољата за живот, овие денови се слушаме и се подобро звучи. Мислата му е бистра, и на секое прашање одговара концизно и точно...Кога раснеш покрај ваков великан, цел живот, радоста кога Бог му ја враќа животната енергија е неизмерна.. Имаме уште многу што да направиме и раскажеме заедно, затоа маестро ти посакувам што побрзо, целосно закрепнување и повторно беседење за се и сешто. Сполај ти боже што ни ги чуваш легендите. Денес ми излезе ова негово писание, па добив инспирација и јас да кажам некој збор за него.
Драги мој, друже Перо, 4 ноември 2018 година
Велат, на одењето во пензија најмногу се радуваат оние кои не ја сакале својата работа. Па велат, сега ќе одмарале. А оние кои ја сакале? Па ќе изберат начин да продолжат да ја работат, вака или онака.
Драган. Б. Костиќ овие неколку месеци ја бие својата животна битка, да се биде или не. Сполај му на бога, но и вољата за...
Posted by Petar Georgievski - Kamikaza on Monday, November 3, 2025
Вака бројката 64 е помалку инвентивно инспиративна од други бројки, например 69. Која како и да ја свртиш, пак е исто. А со 64? Е не може.Бројкава, каква таква, означува нов почеток. Не мораш, иако си навикнал, да станеш наутро да одиш на работа.Не мораш!
Не мораш ниту на крајот на месецот да размислуваш за плата, колку си работел, толку си заработел, колку си бил умен. Па сега колкава-толкава, на први сигурно ти стасува пензијата.
Е сега, иако не си навикнал, се почесто, другите околу тебе ќе имаат поважна "егзистенцијална" работа, па за купување во гранапче или маркет ќе ја превземеш улогата на " пратеник", бидејки некој мора, а ти нели не мораш ова, не мораш она...ама нешто ќе мораш. Улогата на "пратеник" не ти бега.
Ќе треба наследните генерации да ги убедиш дека наследството не се само фирма, стан, куќа, туку и се поголемиот очекуван џагор во семејната околина од кој зборот ДЕ -ДЕ, ќе ти биде најомилениот. А што повеќегласно и почесто ќе го слушаш, ќе личиш на надуен горделив паун. Еј...до кај сум стасал. Се друго ќе ти биде помалку важно.
Не му верувај на гаталец, верувај му на паталец. И кој ужива во тоа што"пати". И да не заборавам. Како на еден од моите најдраги пријатели.
Нека ти е честит и долговечен, исполнет со здравје, лична и семејна среќа. Не се памети човек по бројот на годините, туку што оставил во нив. А си оставил.Ама, можеш уште многу. Затоа шишкајки напред-туркај“, гласи Фејсбук објавата.












