Контроверзната американска раперка Азелија Бенкс која неодамна ја навреди Босна и Херцеговина, објави низа скандалозни исламофобични статуси на „X“. Таа исто така наведе дека го поддржува Израел.
На социјалните мрежи кружи нејзиниот статус во кој вели дека „е*ено мрази муслимани“, мисли дека се кутри и дека „сите заслужуваат гасна комора“.
„Навистина не разбирам зошто жените се преправаат дека на 15 години немале секс со 40-годишници, ма дајте. Искрено, не сум изненадена ниту лута на Трамп што добил 15-годишна затоа што тоа беа времиња. Лека ноќ, САД, е*ено засекогаш. Ако сакал 10-годишничка, ќе имавме проблем, но ако девојчињата имале 13 и повеќе години, кого го интересира, продолжете понатаму“, напиша во скандалозниот статус.

Понатаму навела дека „секој пат кога ќе кажат нешто лошо за неа, умира уште едно палестинско дете“ и дека „треба да најдат ново хоби“. Корисник на „X“ го споделил нејзиниот статус и повикал сите да ја бојкотираат раперката.
„Не правам музика за муслимани, душо“, одговори Бенкс. Исто така, таа се осврна и на британската раперка „Charlie XCX“.
„Сфаќајќи дека 'Charli XCX' е една од оние бели угандски муслимански Индијки, станува многу јасно зошто секогаш ми било нешто чудно кај неа. Јас сум премногу духовно Израелка за сето тоа“, напиша таа.
Бенкс неодамна во интервју зборувала дали го препорачува местото каде се наоѓа за посета, велејќи: „Да. Мислам, не сме во е*ената Босна. Мислам, ова не е Палестина“.











