Оваа жена воопшто не постои – а заврши на топ-листите на „Billboard“!

Точка

03/11/2025

13:03

450

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку недели, на топ-листите на „Billboard“ речиси секоја недела се појавува барем еден "AI" изведувач. Најпознат пример е „Xania Monet“, која влезе во историјата како првиот виртуелен изведувач на радио-листата и предизвика вистинска лавина реакции. Музичката индустрија сега отворено дебатира за правилата, обележувањето и границата помеѓу „алатка“ и „автор“.

Според „Forbes“, податоците од „Billboard“ покажуваат дека на нивните листи од недела во недела се појавуваат "AI" или "AI" -асистирани изведувачи, со профили кои на социјалните мрежи изгледаат како вистински луѓе. Некои од тие проекти веќе потпишуваат големи договори, што дополнително потврдува дека феноменот одамна излегол од нишата и станал мејнстрим појава.

И самиот „Billboard“ објави преглед што го потврдува трендот, наведувајќи дека барем еден "AI" изведувач дебитирал во секоја од последните четири неделни листи. Притоа, се нагласува дека границата меѓу „"AI" -асистиран“ и „"AI"-генериран“ проект станува сè потешко да се дефинира. Во истиот извештај „Billboard“ потсетува и на своите насоки за влез на листите, кои важат и за вакви проекти.

Виртуелната ѕвезда „Xania Monet“

Најистакнато име меѓу нив е „Xania Monet“, виртуелна пејачка чија музика ја создаде авторката Телиша Џоунс. Според повеќе извори, Монет е првиот "AI" изведувач што влегол на радио-листата на „Billboard“, а потоа постигнал успех и на жанровските листи за "R&B" и "gospel". Тоа предизвика нова дилема околу авторските кредити и обележувањето на "AI" содржина, бидејќи проектот комбинира човечки труд и "AI" алатки.

Но, „Xania Monet“ веќе не е изолиран случај. Уште во текот на оваа година, експертите предупредуваа дека виртуелните бендови и "AI" продукцијата сè повеќе продираат во стриминг-платформите и на поединечните топ-листи. Слични примери пристигнуваат од повеќе земји. „Reuters“ претходно истакна дека виртуелните K-pop групи веќе успешно се натпреваруваат на глобалните листи, иако не се целосно генерирани од "AI" , туку претставуваат комбинација од изведувачи и технологија.

Зошто ова е важно за индустријата и публиката?

Сигналот од „Billboard“ јасно покажува дека музичката индустрија мора прецизно да ги дефинира етикетите и правилата – кој се смета за изведувач, кому му припаѓаат заслугите за текст, вокал и продукција, и како да се спречи злоупотребата на туѓи гласови и стилови.

Во позадина се и пазарните последици, бидејќи "AI" проектите добиваат медиумски простор, стримови и договори, што директно влијае на распределбата на приходите – човечките автори добиваат сè помал дел од „питата“.

Трендот, засега, само се забрзува. „Billboard“ го следи и документира, а случаи како „Xania Monet“ служат како лакмус тест за тоа колку брзо сцената и правилата ќе се приспособат на новата реалност.

Дали публиката ќе ги прифати "AI" изведувачите на долг рок или станува збор за краткотраен феномен, останува да се види. Но фактот дека секоја недела на листите се појавува најмалку еден АИ проект јасно укажува дека ова не е минлив шум – туку почеток на нова ера во музиката.

Сепак, музичката индустрија, во соработка со стриминг-компаниите, досега не презеде конкретни чекори за заштита на човечката креативност. Најверојатно се чека реакцијата на публиката – ако таа изостане, можно е и вашите плејлисти наскоро да бидат „AI генерирани“.