Неочекувано откритие на научниците: доматот од Галапагос „еволуира наназад“

Точка

31/10/2025

14:59

801

Големина на фонт

а а а

Дивиот домат од видот "Solanum pennellii", кој расте на Галапагос, покажал невообичаен еволутивен образец — растенијата од поновите западни острови повторно активираат древни гени кои современите растенија повеќе не ги користат. Според истражувањето, ова би можело да биде редок пример на таканаречена „обратна еволуција“.

„Не е вообичаено да се забележи обратна еволуција, но природата е исклучително флексибилна, а еволуцијата не се движи секогаш само во една насока“, изјави Адам Јозвјак, молекуларен биохемичар од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд , кој учествувал во истражувањето, пренесува „CNN“.

Научниците посочуваат дека дури и мала промена во составот на аминокиселините може да предизвика повторно активирање на особини од предците — појава што би можела да има значајна примена во развојот на нови земјоделски култури, пестициди и лекови.


Се претпоставува дека доматот пристигнал на Галапагос пред еден до два милиона години, најверојатно пренесен од птици.

Додека источните острови се биолошки побогати и постабилни, помладите западни острови имаат посиромашна почва, што можело да го поттикне растението повторно да активира древни одбранбени молекули кои му помагаат да се заштити од предатори и болести.


Терминот „обратна еволуција“ предизвикува дебата меѓу научниците, бидејќи еволуцијата не е линеарен процес.

Истражувачкиот тим планира понатамошни студии за да ги открие молекуларните механизми зад овој феномен и неговите можни примени во земјоделството и биологијата.