Италија ризикува да изгуби околу 20 отсто од своите плажи до 2050 година и 40 отсто до 2100 година поради порастот на нивото на морето, поврзано со климатската криза и другите фактори.
Во ризик спаѓаат поплавите и ерозијата на земјиштето, објавиле во извештајот на италијанското географско друштво „потопен пејзаж“.
Во него се наведува дека загрозените подрачја го вклучуваат крајбрежјето на северниот Јадран, плажите Гаргана, неколку делови од тиренското крајбрежје меѓу Тоскана и Кампања и подрачјата Каљари и Ористано на Сардинија.
Загрозена е и половина од националната пристанишна инфраструктура, повеќе од 10 отсто од земјоделското подрачје, почнувајќи од делтата на реката По и Венецијалнската лагуна.
Загрозена е цела Европа
Неодамна Европската агенција за животна средина предурпедила дека Европа би можела неповратно да биде променета во наредните 100 години.
EEA наведува дека нивото на морето расте сѐ побрзо, а меѓу 2006 и 2018 година забележан е пораст од 3,7 милиметри годишно, повеќе од двојно во однос на просечните вредности од 20 век, со што според наводите, би исчезнале многу популарни и впечатливи плажи на Европскиот континент.
Доколку емисијата на штетни гасови остане висока, нивото на морето до 2100 година би можело да се зголеми меѓу 63 сантиметри и 1,02 метри. Во најлошо сценарио, кое подразбира забрзано топење на поларните ледени карпи, порастот на нивото на морето би можело да достигне и пет метри до 2150 година.
Островот Свети Стефан во Црна Гора се наоѓа на првото место на листата најзагрозени плажи, односно делови на крајбрежјето затоа што според процените на научниците би можело да изгуби над 200 метри крајбрежје до крајот на векот.
Плажите исчезнуваат
„Предупредувањето за исчезнување на плажите не е ширење паника туку реална слика на иднината без одлучна акција“, порачуваат властите.
Уништен дел од популарните плажи во Црна Гора
Властите наведуваат дека намалувањето на емисијата и чувањето на шумите можеби нема да биде доволно и дека во одредени случаи ќе биде неопходна релокација на луѓето и инфраструктурата.
„Цврстата заштита, како ѕидови и брани често предизвикува дополнителен проблем низ крајбрежјата. Одржливите решенија се меки мерки, насипување на плажите, обнова на мочуриштата и заштита на подводната вегетација“, велат властите.














