Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс продолжуваат да играат без грешка во новата сезона во НБА лигата, забележаа нови победи и тоа против Вашингтон Визардс и Мајами Хит.
Шампионот Оклахома без проблеми се справи со Визардс со 127:108 за шест од шест. Домаќините одиграа колку што им беше потребно, петмина играчи беа двоцифрени од кои двајца резервисти Мичел и Џо кои уфрлија по 20 поени.
Сан Антонио пак го реши Мајами со 107:101 и дојде до пет од пет за најдобар страт во историјата на организацијата. Тимот од Тексас изгледа импресивно во 50. сезона во НБА и тоа предводен од Вемњабама кој рано утрово испорача дабл-дабл од 27 поени и 18 скокови.
Најголема поддршка му беа Касл и Васл со 21 и 17 поени, додека кај поразените Адебајо (31) и Вигинс (24) немаа соодветна поддршка од соиграчите.
Милвоки Бакс пак и без најголемата ѕвезда Јанис Адетокумбо го сруши Голден Стејт Вориорс (120:110). Бакси одиграа тимски, осумина постигнаа 10+ поени со тоа што мора да се истакна Ролинс кој уфрли 32 кошеви. Кари и Батлер заедно пак за „воините“ искомбинираа 50 поени.
На последниот натпревар Орландо како гостин го доби Шарлот со 123:107.
 
                                





