На Никола Топиќ му е дијагностициран рак

Макфакс

30/10/2025

19:01

416

Големина на фонт

а а а

Никола Топиќ, плејмејкерот на српската репрезентација, се лекува од рак на тестисите со хемотерапија.

Информацијата ја презентираше Сем Прести, генерален менаџер на Оклахома Сити Тандер.

Важно е што лекарите се „исклучително позитивни“ за закрепнувањето на 20-годишниот кошаркар.

На 6 октомври, Топиќ бил подложен на операција на тестисите, но до оваа изјава на Прести, причината за оваа хируршка процедура не беше позната. Во меѓувреме, Тандер го продолжи договорот со српскиот кошаркар.

Прести потврди дека интервенцијата е извршена во Хјустон.

„Онколозите се многу позитивни во врска со неговата ситуација“, рече Прести.

Прести рече дека ракот на тестисите е најлечивиот облик на рак кај мажите, но за Топиќ е препорачана хемотерапија.

„Топиќ не сакаше да ги објави овие информации сè додека не ги започна третманите, што и го направи. Тој е тука, тренира, вежба, во текот на целиот овој процес“, додаде Прести.

Во моментов, не е познато кога Топиќ би можел да се врати на теренот, а тимот го става на прво место неговото здравје.

Засега, третманот ќе трае четири до шест недели.

„Топиќ е навистина извонреден млад човек. Мислам дека сите го знаат тоа. Тој е зрел, смирен, издржлив. Има сè што е потребно за некој што се справува со ваква ситуација и ќе ја надмине“, додаде Прести.

Да ве потсетиме дека Топиќ беше драфтуван како 12-ти пик во 2024 година, но ја пропушти целата сезона поради повреда на коленото.