На кого сте „паметни“? Еве кои особини ги наследуваме од мајката, а кои од таткото

Точка

29/10/2025

20:22

887

Големина на фонт

а а а

Наследувањето на особините од родителите отсекогаш ги фасцинирало и научниците и обичните луѓе. Иако ДНК ја добиваме од двајцата родители, одредени карактеристики сепак се пренесуваат посилно — некои од мајката, а некои од таткото.

Разбирањето на тоа кои наследни особини доаѓаат од која страна може да помогне подобро да го разбереме сопственото здравје, изглед и однесување.

Секое дете добива два сета гени – еден од мајката и еден од таткото. Кај жените распределбата е приближно 50% од мајката и 50% од таткото, додека кај мажите постои мала разлика: околу 51% од мајката и 49% од таткото.

Особини што децата главно ги наследуваат од таткото

Таткото може да има поголемо влијание врз физичките и генетските карактеристики.

На пример, гените поврзани со висината најчесто потекнуваат од таткото. Иако двајцата родители влијаат, "IGF" гените што ги носи таткото посилно го стимулираат растот.

Исто така, забните проблеми како кариес или неправилно поставени заби често се пренесуваат преку татковите гени – особено ако таткото има лоша орална хигиена.

Татковците, исто така, go одредуваат полот на детето: секоја јајце-клетка содржи X хромозом, додека спермата може да носи X или Y хромозом, што дефинира дали детето ќе биде девојче (XX) или момче (XY).

Некои нарушувања поврзани со Y хромозомот, како споени прсти или прекумерни влакна во ушите, исто така се наследуваат од таткото.

Што се однесува до телесната градба, таканаречената бела маснотија, која се користи за складирање енергија, најчесто потекнува од татковите гени. Иако е корисна како резервна енергија, нејзиното прекумерно складирање може да доведе до дебелина и срцеви заболувања.


Особини што најчесто се наследуваат од мајката

Мајката има силно влијание врз физички, ментални и биолошки карактеристики.

Матката ја пренесува митохондриската ДНК, па болестите предизвикани од мутации во митохондрите — кои можат да влијаат на скоро секој дел од телото — се наследуваат исклучиво од мајката.

Исто така, структурата на окото и видот често се пренесуваат од мајката, вклучувајќи и предиспозиција за патолошка кратковидост.

Физички особини како бојата и текстурата на косата, како и линијата на челото, исто така може да се „заблагодарат“ на мајчината страна. Жените можат да го наследат од мајката и времето на почеток на менструацијата и периодот на менопауза.

Интересно е дека според истражувањата, IQ-то на детето најдобро се предвидува според IQ-то на мајката, иако социјалните и образовните фактори имаат значајна улога.

Мајките пренесуваат и обрасци на спиење – децата на мајки кои страдаат од несоница често потешко заспиваат.


Митохондриската ДНК може да влијае и на процесот на стареење, додека надворешните фактори, како изложеност на сонце или пушење, дополнително ги моделираат овие особини.

Метаболизмот, способноста за добивање или губење тежина, регулацијата на серотонинот (поврзана со ADHD) и емоционалната стабилност исто така се тесно поврзани со мајчините гени.

Некои студии покажуваат дека физичката издржливост може да биде наследена од мајката — што значи дека нејзиниот физички потенцијал може да предвиди колку ќе биде издржливо детето.

Иако децата ја наследуваат ДНК од двајцата родители, одредени карактеристики имаат јасна генетска предодреденост.

Татковците најчесто влијаат на полот, висината и складирањето маснотии, додека мајките силно го обликуваат видот, митохондриските функции, интелигенцијата, сонот и емоционалните обрасци.

Разбирањето на овие наследни механизми може да ни помогне подлабоко да ги сфатиме сопствените предиспозиции, здравјето и начинот на однесување.