Меган Фокс се појавила на посебната проекција на својот филм „Jennifer’s Body“ во Лос Анџелес каде ги воодушевила обожавателите со неверојатното модно издание.
Фустанот којшто го носела бил инспириран токму од хорор филмот од 2009 година, а додека горниот дел бил направен како корсет, ова модно парче во беж нијанса имало и принт којшто е опишан како капки крв.
Со „крвавите“ детали на фустанот, Фокс носела и црвен „чокер“, а на нозете носела провидни чевли на висока потпетица.
Настанот бил одржан во саботата во музејот „Academy“, а вклучувал и сесија прашања и одговори со Фокс и режисерката на филмот Карин Кусама во текот на кои разговарале за растечкото наследство на филмот.
Во тинејџерскиот хорор „Jennifer’s Body“ Меган ја толкува улогата на популарната средношколка Џенифер која е опседната со демон по мистериозен инцидент.
Додека Џенифер почнува да ги убива своите школски колеги, нејзината најдобра пријателка Анита (Аманда Сејфрид) мора да го пронајде начинот да ја запре.
Филмот го спојува хоророт, црниот хумор и општествените коментари, истражувајќи ги темите на пријателството, моќта и зајакнувањето на жените, а и денес има култен статус меѓу фановите на хоророт.
Megan Fox & director Karyn Kusama reunite at a screening of ‘JENNIFER’S BODY’ at the Academy Museum. pic.twitter.com/8KTcEMFZyC
— DiscussingFilm (@DiscussingFilm) October 26, 2025
Да ве потсетиме, Меган неодамна била во центар на внимание поради нејзиниот однос со поранешниот партнер Машин Ган Кели.
Нивните блиски пријатели тврдат дека парот наводно се смирил откако актерката во март родила девојче.


