[ФОТО] Нежно, дамско и моќно издание на јорданската кралица: Ранија во лелеава креација во прекрасна нијанса која го стеснува струкот и ја издолжува фигурата

Точка

27/10/2025

17:28

380

Големина на фонт

а а а

Јорданската кралица Ранија се смета за една од најубавите припаднички на кралските семејства во светот, а важи и за една од најстилизираните дами.

Таа се појави на отворањето на редовната седница на јорданскиот парламент и, како и секогаш, повторно го привлече вниманието со својот беспрекорен моден избор.

Нејзиниот стил секогаш се одликува со ненаметлива елеганција и префинетост, а таков беше и нејзиниот последен изглед.


Кралицата Ранија се појави во прекрасен син фустан од најновата колекција на „Valentino“. Фустанот имал ролка-крагна и долги ракави, а лелеавиот крој ја следел линијата на телото и бил со должина до глуждовите.

Елегантниот околувратник кој се врзувал ѝ давал дополнителна структура и врвна доза софистицираност на целата креација.


Ранија дополнително го истакнала струкот со тенок кожен ремен во боја на коњак и ја дополнила комбинацијата со чантичка во иста нијанса од брендот „Fendi“, која совршено се вклопила во целокупниот моден изглед.

Изборот на салонки со тенко ременче „Lorenzo 105“ на дизајнерката Џенифер Чаманди се покажал како полн погодок. Нијансата на обувките се совпаѓала со бојата на фустанот и на совршен начин го заокружила целиот стајлинг.


Едноставната полуподигната фризура со нежни бранови му дал свежина на овој стајлинг, додека неутралната шминка ја заокружила оваа софистицирана, но природна елеганција.