[ФОТО] Најпотценетата дестинација за 2025 година: Некогаш ја нарекувале „здодевна“, а сега е „тропски рај“ – 32 степени назима, „невидливи плажи“, оброк во ресторан чини 4 евра...

Точка

27/10/2025

10:55

2.696

Големина на фонт

а а а

Со години Парагвај го носел неславниот епитет „најздодевното место на Земјата“. Сместен меѓу јужноамериканските држави Аргентина и Бразил, генерацијата Z и блогерите за патување често го нарекувале „здодевен“ и „безличен“.

Но, еден експерт за патување сега тврди дека Парагвај е целосно погрешно сфатен и дека има сѐ што е потребно за совршен семеен зимски одмор – благодарение на богатата историја и просечната дневна температура од 32 степени Целзиусови во декември, пишува „Daily Mail“.


Симон Худ, извршен директор на меѓународната компанија за селење „John Mason International“, тврди дека оваа земја со шест милиони жители нуди бегство од вревата и брзиот секојдневен начин на живот.

„Денес ја пропуштаме суштината на одморот, а тоа е опуштање и полнење на батериите“, истакнува Худ.

Предност во однос на популарните летувалишта

Худ вели дека оваа земја без излез на море која не е позната по туризмот, има неколку предности во однос на преполните летувалишта како Анталија и Марбелја. Во текот на 2024 година оваа латиноамериканска земја ја посетиле само 2,2 милиони луѓе.

Меѓу главните препораки на Симон Худ се наоѓаат две локации кои можат да се посетат и од Аргентина и Бразил, тоа се водопадите Игуазу кои се под заштита на УНЕСКО со прекрасните патеки и мочуриштето Пантанал, познато по сафари и набљудувањето фламинга.

Исто така тој ги охрабрува туристите да го посетата Сан Бернардино, источно од главниот град – област исполнета со речни плажи и барови.

„Ставот кон туристите и странците во Парагвај во голема мера се разликува од некои хорор приказни кои ќе ги слушнеме во Барселона и Милано“, објаснува Симон.


Пристапни цени

Уште една голема предност се трошоците за живот. Според податоците на порталот „Numbeo“, ручек во ресторан може да биде и до 75 отсто поевтин, со просечен оброк во поволен ресторан којшто чини околу 4 евра.

Трошоците за живеење во Парагвај се околу 62-70 отсто пониски отколку на пример во САД.

„Парагвај е потценета дестинација за одмор во 2025 година, а зимата го прави попривлечен за британските и европските семејства. Опуштено е и евтино“, заклучил Симон.

„Топлата и пријателска атмосфера е освежување во однос на хаосот на патувања за кои денес слушаме. Би го повикал секое семејство да размисли за патување во овој латиноамерикански рај“.

Интересни факти за Парагвај

1. Парагвај има невидливи плажи – иако нема море

Иако е копнена земја, градот Енкарнасион познат е по песочните речни плажи кои локалците ги нарекуваат „парагвајско море“. Во текот на летото таму се организираат фестивали и забави на плажа.

2. Парагвај лежи на една од најголемите залихи на питка вода на светот

Под земјата се наоѓа „Guarani Aquifer“ – огромен резервоар на свежа вода којшто го дели со Бразил, Аргентина и Уругвај. Тоа го прави еден од најважните природни ресурси на планетата и честа тема во еко-дебатите.

3. Парагвај е неочекувано популарен во гејминг и технолошката заедница

Благодарение на стабилната интернет инфраструктура и ниските трошоци за живот, сѐ повеќе дигитални номади и стримери го бираат Парагвај како база за работа.

4. Луѓето во Парагвај пијат ладен чај – и тоа постојано

Најпознатиот напиток се вика терере – тоа е ладна верзија на јужноамерикански напиток којшто Парагвајците го пијат секаде: на факултет, работа, во парк.


5. Парагвај има сопствен инди-рок преод

Таму расте сцената на младите бендови кои компонираат инди-рок со латино ритми. На ТикТок и Спотифај стануваат вирални изведувачите како „Kchiporros“ и „Purahei Soul“, а фестивалите каков што е и „Kilometro Cero“ привлекуваат илјадници млади од целиот свет.