На социјалните мрежи се шири неверојатна снимка од мачка чија физичка подготвеност би можела да ги засрами и најголемите љубители на теретана. Имено, видеото прикажува мачка како со неверојатна леснотија изведува згибови на даска за пеглање, демонстрирајќи завидна сила и контрола на движењата.
Тренинг за Олимпијада
Снимката, која првично беше објавена на ТикТок од корисничката @yoouuulie, прикажува долговлакнеста мачка која со предните шепи се држи за даска за пеглање како да станува збор за гимнастичка пречка. Потоа, мачката се ниша напред-назад, како да се подготвува за Олимписките игри.
Сопственичката во коментари открила дека нејзината мачка е опседната со ластичиња за коса, а на снимката изведува акробации за да го дофати ластичето што се наоѓа на даската за пеглање.
Интернетот не престанува со пофалби
Снимката, објавена минатата недела, собра речиси еден милион прегледи и бројни шеговити коментари, пренесува „PetHelpful“.
„Симон Бајлс тоа никогаш не би го можела“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Оваа мачка набрзо ќе почне да наплаќа лични тренинзи“.
„Прави згибови подобро од Пит Хегсет“, напишал трет, а четврти заклучил: „Освојувач на златен медал на Олимписките игри во 2028 година.“






