[ВИДЕО] Јамал со жешка најава за гостувањето на „Бернабеу“: Реал краде и постојано се жали……

Дерби

24/10/2025

07:53

605

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал на најрана возраст дозна што значи да се игра „Ел Класико“ дерби, а во ситуација кога оствари и низа победи во изминатата година, младата ѕвезда на Барселона влегува со огромна самодоверба во новата голема пресметка меѓу лутите ривали.

„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде местото на кое Реал и Барса ќе ги одмерат силите во недела, па во низата најави кои веќе пристигнаа, дојде и онаа од Јамал која е навистина сочна и зајадлива.

Фудбалерот на Барселона беше дел од шоуто на Ибаи Ланос кое послужи како промоција за Кингс Лигата (натпреварувањето на Жерард Пике), па откако доби низа прашања за „Ел Класико“, не пропушти да испорача доста провокативни одговори.

– Дали Реал краде? Реал краде и постојано се жалат, прават такви слични работи….., – изјави Јамал, па додаде.

– Колку ги победивме последниот пат? 0:4…….. Не велам дека ќе биде повторно така, но сепак можно е и да биде, – додаде Ламин.