Хит видео: Реакцијата на Арда ги изненади полицајците на „Бернабеу“

Дерби

24/10/2025

11:56

253

Големина на фонт

а а а

Арда Гулер напредува од натпревар во натпревар и сè почесто влијае во клучните акции на Реал Мадрид, а поради своето добро издание против Јувентус, беше награден и со МВП признание од страна на УЕФА.

Турчинот доби индивидуална награда за својата претстава на „Сантијаго Бернабеу“, но привлече внимание и поради реакцијата која ја имаше кога ја напушти играта.

Арда му го отстапи своето место на Камавинга во завршните 15 минути, а кога се упати кон клупата, направи нешто што не го прави никој друг играч на Реал.

Покрај стандардното поздравување со своите соиграчи на клупата, Арда не ги заборави и полицајците, кои дефинитивно останаа изненадени од неговиот потег.

Младата ѕвезда на Реал им даде значење на луѓето кои се грижат за безбедноста на стадионот, а овој негов потег брзо стана вирален.