Кин ја апострофираше главната предност која ја има Арсенал пред Ливерпул во битката за титулата

Дерби

24/10/2025

11:59

173

Големина на фонт

а а а

Ливерпул стави крај на лошата серија од четири порази од низа и победи на гостувањето во Франкфурт во Лигата на шампиони, тест по кој сега го чека нов предизвик во Премиер лигата.

Актуелниот шампиони има три неуспеси во низа во домашното првенство и со таков учинок ќе патува во Брентфорд, па во ситуација кога избраниците на Арне Слот мора да бркаат победа, јасно е дека мора да се поправи и играта во одбрана.

Ливерпул мора да ја врати стабилноста во дефанзивниот ред доколку сака да се бори за највисоки дострели, а според Рој Кин, тоа е клучниот сегмент кој ќе пресуди за тоа кој ќе биде шампион во Англија оваа сезона.

Легендата на Манчестер Јунајтед се уште ги гледа Арсенал и Ливерпул како единствени два тима кои ќе се борат за титулата, со тоа што овојпат предност им дава на избраниците на Микел Артета.

– Најголемиот проблем на Ливерпул е во одбраната, бидејќи во нападот сè уште се опасни и претставуваат закана за противничкиот гол. Покажаа добра офанзива и на натпреварите на кои губеа, но дефанзивно се лоши од првиот меч, оној во Комјунити Шилд со Кристал Палас. Тие постојано даваат шанси за противникот и тоа цело време се повторува.

– Тоа е најголемиот проблем за Ливерпул. За разлика од нив, Арсенал напаѓа и се брани како тим, додека Ливерпул изгледа целосно неорганизирано и дестабилизирано, – објаснува Кин.