Водечки кардиохирург предупредува: Црвен аларм – симптоми кои значат дека срцето ви слабее и не работи како што треба

Точка

22/10/2025

11:50

4.452

Големина на фонт

а а а

Доктор Џереми Лондон се грижи за своите пациенти повеќе од 25 години и често на интернет споделува корисни совети и сака луѓето да ги поттикне повеќе да се грижат за себе давајќи им „здравствени информации кои се лесни за разменување и применливи во секојдневниот живот“.

Сепак, нагласува дека не дава медицински совети доколку имате сериозни симптоми. Тогаш треба да се обратите кај вашиот доктор.

Доктор Лондон којшто работи во американската сојузна држава Џорџија, објавил видео на Јутјуб во кое објаснува како може да препознаете дека вашето срце на функционира како што треба.


Тој предупредил повеќе од милион од своите следбеници на социјалните мрежи, да бидат внимателни доколку имаат „слабо срце“, термин којшто се користи за состојбата кога срцевиот мускул не пумпа крв доволно ефикасно, познато и како срцева слабост.

„Срцевата слабост не значи дека срцето престанува да работи. Тоа значи дека му е потребна помош за да работи подобро. Може да се појави во било која доба од животот, но најчесто тоа се случува кај постарите лица. Срцевата слабост е хронична состојба која со текот на времето вообичаено се влошува. Главно не може целосно да се излекува, но симптомите може да се чуваат под контрола низ годините“.

Како да препознаете срцева слабост?

Според зборовите на д-р Лондон, првиот чекор е посета на експерт, разговор за вашата медицинска историја и детален физички преглед.

Меѓутоа, пред да закажете преглед кај доктор, треба да обрнете внимание на одредени симптоми кои често можат да укажуваат на срцева слабост.

Д-р Лондон објаснува дека меѓу нив се наоѓаат следните симптоми:

- Отежнато дишење при одење;
- Неможност да легнете рамно и да дишете без тегоби;
- Оток на нозете.

„Сите овие симптоми можат да бидат знак за различни срцеви заболувања, но се и сериозни сигнали за предупредување“, изјавил хирургот.

Главни симптоми за срцева слабост:

- Кратко дишење во текот на активност или мирување;
- Постојано чувство на умор и исцрпеност;
- Слабост и вртоглавица;
- Отекување на зглобовите и нозете.

Заболени лица исто така пријавуваат: упорно кашлање, забрзана работа на срцето и чувство на нестабилност и заматување. Доколку забележите било кој од овие знаци, најдобро е да побарате лекарска помош.


Како утврдуваат докторите дали срцето работи неправилно?

Благодарение на современата медицина, д-р Лондон истакнува дека докторите денес многу едноставно утврдуваат дали пациентот има проблеми со срцето.

Најчесто се користат ехокардиограмите, вид ултразвучен преглед којшто овозможува да се процени функцијата на срцето.

„Малите сензори се користат за емитување на високофреквентни звучни бранови кои создаваат одекнување кога се одбиваат од различните делови од телото. Тие одекнувања се претвораат во подвижна слика на екранот во текот на скенирањето“.