[ФОТО] „Taste Atlas“ објави листа на 100 најдобри чоколади во светот: Првото место го делат дури три земји

Точка

22/10/2025

09:28

2.663

Големина на фонт

а а а

Популарниот гастро водич „Taste Atlas“ја објави листата на 100 најдобри чоколади во светот.

Чоколадото е една од најомилените намирници во светот, познато по својот богат вкус и способноста да пружи вистинско гастрономско уживање.

Се добива со преработка на зрна од какао, а постои во различни форми – од темно и млечно до бело чоколадо. Многумина го консумираат како десерт, но и како состојка во бројни слатки и напитоци.


Освен што го задоволува непцето, чоколадото често буди чувство на среќа и релаксација. Без разлика на возраста, чоколадото е десерт на кој ретко кој може да му одолее.

Според изборот на „Taste Atlas“, најдобрите чоколади можете да ги пробате во Белгија, Франција и Италија, бидејќи од секоја од овие земји на листата се најдоа по осум чоколади од различни брендови.


Второто место според бројот на најдобри чоколади го заземаат САД со чоколади од седум различни брендови, додека на третото место е Швајцарија со шест различни брендови на чоколади.

На листата се најдоа и земји како Австралија, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Данска, Германија, Гана, Унгарија, Индија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Перу, Шведска, Шпанија и многу други. Целата листа можете да ја погледнете на официјалниот профил на „Taste Atlas“ на Инстаграм.