Пакистан за поголем дел од луѓето и натаму е мешавина на љубопитност и внимание.
Сепак еден Србин неодамна ја посетил земјата поради свадба на колега, но поради протестите наместо свадба доживеал авантура полна со изненадување, како што вели „целосно поразлична од сѐ она на што навикнал“.
Своето искуство го споделил на „Reddit“. Искрено, детално и без влакна на јазикот, опишал што го изненадило, фасцинирало и шокирало – од љубезност на домаќините и вкусот на локалната храна, до хаотичниот сообраќај, општествените правила и односи меѓу мажите и жените.
Неверојатна љубезност
Прво, како што рекол, го изненадила неверојатната љубезност на Пакистанците, до таа мера што во еден момент му било непријатно.
„Не знам дали тоа е до културата или некое чувство на ниски вредности кај поголем дел од луѓето, но услугата е на ниво, келнерите нема да дозволат чашата да ви биде празна. Доколку одите во продавница по сувенири, во бутик во трговски центар, било каде, главно даваат попуст сами од себе и тоа прилично добар попуст“.
„Сѐ јадат со раце – освен супа“
„Дури и кога ќе нарачате нешто што не очекувате да биде луто, тоа е луто. Но, превкусно, сѐ е во стилот на зачините и вкусот – од најобични сендвичи до традиционални јадења како чикен карахи, биријанија или кебапи“, напишал тој, па додал:
„Е да... Јадат со раце, освен супа“.
Најголем шок бил сообраќајот
Најголемиот шок го доживеал во сообраќајот.
„Катастрофа, не знам како луѓето живеат, тоа не се знае кој каде вози, од секаде доаѓаат возила, никој не ги почитува лентите на патот, семафори нема, нонстоп свират.. Сѐ на сѐ, каде и да одиме со автомобили мора да се прекрстиме“, се пошегувал тој.
Жените прекрасни, мажите старомодни
Посебно го изненадило тоа што жените во Пакистан, спротивно од неговите очекувања, главно не носат бурки.
„Поголем дел од жените не носат ниту хиџаб, многу од нив се облечени модерно, со долги ногавици или во шарени традиционални фустани. Ова беше прилично изненадувачки. Убаво изгледаат, се гледа дека се грижат за себе. Имаат прекрасна коса и негувана кожа“.
За разлика од жените, мажите се поразлични.
„Тие се слаби, поситно градени, стилот на облекување им е дискутабилен. Покрај тоа, одредени ставови им се морничави. Жените мора да бидат невини... Сфатив дека немаат добро мислење ниту за европските жени и никој не би бил во врска со нив“.
Нема држење за рака во јавност
„Можеш да имаш девојка, но држењето за раце во јавност е незамисливо, а бакнежот не го спомнуваме“, додал тој.