Во една несекојдневна сцена за изборните денови, невестата Сандра Матеска од Скопје, вчера облечена во венчаница и во придружба на младоженецот го искористи своето гласачко право пред да продолжи со свадбената прослава.
Сандра, која неодамна направи тридневна бајковита свадба во Франција со својот сопруг Денис Блат, организираше и втора свеченост во Македонија – токму на денот на изборите. Но, и покрај тоа што свадбата била во полн ек, таа одлучила да не го пропушти гласањето.
На социјалните мрежи, Матеска сподели видео од чинот на гласање, а на истото напишала: „Комплетно гламурозна на гласање“.
Во бела гламурозна венчаница, вел и комплетен невестински изглед, Сандра ги изненадила присутните на избирачкото место, покажувајќи дека личните свечености не се пречка за исполнување на граѓанските обврски.
По гласањето, таа се вратила на прославата и продолжила да ја слави љубовта со својот сопруг во друштво на најблиските.