[ВИДЕО] Купила „Zara“ чанта во second-hand продавница, а потоа забележала мал џеб – кога ја ставила раката во него имала што да види...

Точка

20/10/2025

16:00

2.704

Големина на фонт

а а а

Една Британка со име Каролина доживеала вистинско мало чудо по едно обично купување во продавница за половна гардероба.

Нејзината приказна ја споделила на социјалната мрежа ТикТок, а истата за кратко време привлекла големо внимание и лавина коментари.

Чанта за четири евра и – многу повеќе

Каролина во „second hand“ продавница наишла на чанта од брендот „Zara“. Чантата многу ѝ се допаднала и без размислување одлучила да ја купи со оглед на тоа што чинела само четири евра. Сепак, она што следело по купувањето било многу повредно.

Изненадување во внатрешниот џеб

„Додека пребарував по џебовите, пронајдов паричник со подарок картичка за „Starbucks“ и неколку монети“, рекла Каролина во видеото. Меѓу нив се наоѓала и една која веднаш ѝ го привлекла вниманието.

Редот колекционерски примерок

Станувало збор за монета од ограничената серија посветена на познатата британска книжевничката Беатрикс Потер. На неа се наоѓал ликот на зајчето Бенџамин, еден од нејзините најпознати јунаци.

Каролина, како што вели, е обожавател на колекционерски монети, па овој пронајдок ѝ бил особено драг.


Следбениците биле воодушевени

„Тоа практично значи дека чантата ја добив бесплатно“, додала низ насмевка.

Нејзиното видео наишло на бројни позитивни реакции, а следбениците коментирале дека имала вистинска мала среќа и тоа целосно неочекувано.