Уапсен албански државјанин на ГП „Блато“ кој се барал со потерница на Интерпол

Нетпрес

19/10/2025

12:58

126

Големина на фонт

а а а

Државјани на Република Албанија, кој се барал со меѓународна потерница, вчера попладне бил лишен од слобода на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Како што информираат оттаму, станува збор за 33-годишно лице со иницијали И.Л. кое било уапсено на влез во државава.

„На 18.10.2025 во 15:00 часот на Граничен премин ‘Блато’, за влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Л. (33) од Република Албанија затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидентиран со мерка ‘апси’ по барање на Интерпол“, се наведува во соопштението од СВР Охрид.

Лицето, додаваат оттаму, е задржано во полициската станица во Дебар за понатамошна постапка.