[ФОТО] Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје – учествувале три возила

Нетпрес

18/10/2025

21:21

1.725

Големина на фонт

а а а

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“, изестува порталот Фактор, прецизирајќи дека инцидентот се случил во непосредна близина на местото каде што загина младата Фросина Кулакова.

Засега нема информации за настрадани.


Очевидци на настанот до редакцијата на Фактор испратиле фотографии од несреќата во која учествувале три автомобила, а од фотографиите може да се забележи дека од ударот возилата се извртеле.


Во сообраќајната незгода учествувале „голф“, „мерцедес“ и „БМВ“.


Според сведоци на настанот до несреќата дошло поради неприлагодена брзина на возачите.

Фото: Фактор