Француски медиуми открија што зеле крадците во 7-минутната кражба во музејот „Лувр“

Нетпрес

19/10/2025

15:13

1.094

Големина на фонт

а а а

Дел од накитот од колекцијата на Наполеон е украден во грабежот во Лувр во неделата, објавија француските медиуми.

Министерката за култура на Франција, Рашида Дати, ја потврди информацијата дека криминалци украле вреден накит од музејот Лувр во Париз во неделата наутро а потоа избегале, поради што најпосетуваниот музеј во светот останал затворен во текот на целиот ден.

Според првичните податоци од истрагата, грабежот се случил помеѓу 9:30 и 9:40 часот наутро. Извори за весникот Le Parisien рекле дека грабежот траел „само седум минути“.

Разбојниците, чиј број сè уште не е објавен од властите, наводно се упатиле кон музејот со скутер и користеле товарен лифт за да пристапат до просторијата што имале намера да ја ограбат односно салонот Аполон. Тие биле опремени со мали моторни пили.

Веднаш по отворањето на Лувр утрово, се случи „грабеж“, претходно објави министерката за култура за X. „Немаме извештаи за повредени. Јас сум на местото на настанот со вработените во музејот и полицијата, а истрагата е во тек“, напиша Рашида Дати.

Еден или повеќе криминалци успеаја да влезат во музејот, изјавија нејзините соработници за AFP, без да објават информации за можна кражба на уметнички предмети.

„Музејот ќе остане затворен денеска, недела, од исклучителни причини“, соопшти управата на музејот во соопштение на платформата X, а пораката беше објавена и на англиски јазик.

Лувр е најпосетуваниот музеј во светот. Во 2024 година, го посетија речиси девет милиони посетители, од кои 80 отсто биле странци.