Некогашниот англиски репрезентативец, Вес Браун даде свој коментар за споредбите меѓу Рио Фердинанд и сегашниот капитен на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.
Рио своевремено беше еден од играчите кој ја одбележа успешната ера на Манчестер Јунајтед, додека Ван Дајк по доаѓањето на „Енфилд Роуд“ му донесе нов сјај на Ливерпул, па често медиумите, аналитичарите знаат да ги стават еден крај друг и да се развие дебата за тоа кој е подобар.
- 100 проценти од времето би го избрал Рио пред Вирџил ван Дајк. Секако, можеби сум пристрасен, но ако сте го гледале Рио, знаете дека тој едноставно e друга класа. Индивидуално можеше се да направи и имаше таква смиреност што ретко се обидува да изведе лизгачки старт. Тој ја читаше играта беспрекорно, имаше брзина, секогаш во вистинската позиција за да му ја олесни работата. Освои толку многу трофеи за да покаже колку е важен за тимот.
- Ако зборуваме за поединци, тогаш за мене секогаш Фердинанд е над Ван Дајк, но не со милји. Мислам дека Рио беше најдобриот дефанзивец што играл за Јунајтед, а можеби и во лигата, - истакна Браун кој говореше и за партнерството Рио-Видиќ.
- Тој и Видиќ беа идеални партнери еден за друг. Повремено, едноставно добивате вакви партнерства, кои не се случуваат премногу често. Двајцата целосно се натераа да работат еден на друг најдобро што можат, а тоа го поттикна Рио да стане уште подобар, - подвлече Англичанецот.