Интересна прогноза: Тоти има неочекуван херој за престојното дерби меѓу Рома и Интер

Дерби

16/10/2025

13:00

219

Големина на фонт

а а а

Се враќаат клупските возбудувања, а меѓу нив се и оние во Серија А каде се игра 7. коло кое носи неколку интересни натпревари, но и дербито меѓу Рома и Интер кое се игра во сабота од 20:45 часот.

Тоа е битка на два состави кои не знаат за реми во тековнава сезона, „волчицата“ има учинок 5-1, додека „нероаѕурите“ се на 4-2. Се очекува да биде неизвесно, драматично и борбено на „Олимпико“, средба за која легендарниот Франческо Тоти смета дека ќе има неочекуван херој.

- Го имам играно овој натпревар многу пати и добро знам што значи, особено во момент како овој кога Рома е на врвот на табелата. Ова е еден од оние натпревари каде што не ви требаат кошула и вратоврска, туку кацига. Интер е веројатно најелегантниот тим во Серија А, но ова ќе биде битка, - вели Тоти.

- Можеби сум банален, но Лаутаро Мартинез и Дибала се играчи кои се способни да ја променат играта. Сепак, ако требаше да изберам некого што ќе направи разлика, би го избрал Брајан Кристанте. Како што реков, ќе биде битка, а кога треба да излезете таму со кацига, играчите од средниот ред се клучни. Кристанте е некој на кого секогаш можете да се потпрете. Даниеле Де Роси беше во право кога рече дека Рома секогаш треба да има некој како него.

- Тој има фудбалска интелигенција и отсекогаш бил потценет, но неговото присуство се чувствува на теренот. Брајан секогаш ви дава нешто дополнително и никогаш не се воздржува во стартот, - истакна Франческо кој се надева дека Рома ќе го задржи овој ритам до крајот на сезоната.