Познато е кога Леброн може да се врати на терените

Дерби

16/10/2025

12:56

156

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс ќе го пропушти стартот на новата сезона во НБА лигата, информација која е потврдена и официјализирана, но дилема и прашање беше колку време навистина ќе треба да паузира.

Од САД дојдоа нови вести и ако се биде како што треба Леброн ќе може да му се стави на располагање на тренерот Џеј Џеј Редик на средината на месец ноември.

Џејмс има проблеми со нервите, со грбот, повреда која ја почувствувал за време на тренинзите на крајот на месец јули или почетокот на август. Тој би требало да пропушти меѓу 10 и 15 натпревари во овој период што секако е прифатливо за Лејкерс ако го имаат „кралот“ фит и подготвен за преостанатиот дел од шампионатот.

Ветеранот минатата кампања ја заврши со учинок од 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции.