Дали овесната каша е навистина толку здрава? Погледнете што се крие во една чинија, а многумина не го знаат тоа

Точка

15/10/2025

15:21

612

Големина на фонт

а а а

Овесните снегулки имаат многу придобивки, но бидете внимателни со инстант варијантите полни со шеќер.

Овесните снегулки со причина спаѓаат во здрава храна, но експертите предупредуваат на инстант варијантите со вкусови.

Овесната каша одамна има репутација на здрав појадок, но дали овесните снегулки се навистина толку чудотворни? Одговорот зависи од тоа каков вид овесна каша јадете.


Кога зборуваме за обични, класични овесни снегулки, станува збор за житарка од цело зрно со исклучителен хранлив состав. И тука тешко дека можете да погрешите. А ако отворате ќесичка со инстант овесна каша со вкус, прашањето е колку е здрав тој оброк. За оваа тема зборува регистрираната диететичарка Бет Червони, откривајќи што всушност се крие во чинија овесни снегулки, пишува клиниката Кливленд.

Хранлива вредност на овесните снегулки

Овесната каша со право го носи епитетот „здрава храна“. Таа е богата со протеини и влакна, клучни компоненти што ја прават исхраната избалансирана и хранлива. Покрај тоа, овесната каша е богата со витамини и минерали.

Половина шолја суви снегулки, што одговара на една порција, содржи:

• манган: 64 отсто од препорачаниот дневен внес;

• бакар: 18 отсто;

• витамин Б1 (тиамин): 16 отсто;

• магнезиум: 13 отсто;

• фосфор: 13 отсто;

• цинк: 13 отсто;

• железо: 10 отсто;

• витамин Б5: 9 отсто.


„Тоа е навистина намирница богата со хранливи материи“, вели Червони.

Здравствени придобивки од овесните снегулки

Сите овие хранливи материи придонесуваат за бројни придобивки за организмот Еве ги најважните:

За да ги задржи своите придобивки, во овесната каша за сладок вкус најдобро е да додадете овошје.

Истражувањата покажуваат дека дневната чинија овесна каша може да го намали ризикот од срцеви заболувања со намалување на вкупниот и лошиот (ЛДЛ) холестерол. Резултатите можат да се појават доста брзо. Едно истражување покажало дека учесниците имале значително пониски нивоа на холестерол по само осум недели редовна консумација на овесни снегулки.

„Тоа е голем плус за вашето здравје, а сето тоа го постигнувате веќе со појадокот“, напоменува Чеврони.

Го регулира нивото на шеќер во крвта


Овесните снегулки содржат растворливи влакна познати како бета-глукан. Тие формираат гел-како маса во цревата што ја забавува апсорпцијата на гликоза во крвта. Поради тоа овесната каша често се препорачува за луѓе со дијабетес тип 2. Сепак, некои истражувања сугерираат дека ефектот може да варира од личност до личност.

Помага при слабеење

Овесната каша создава долготрајно чувство на ситост, што го олеснува контролирањето на апетитот.

„Кога се чувствувате сити подолго време, полесно е да избегнете грицкање помеѓу оброците. На крајот, ова го намалува внесувањето на непотребни калории“, објаснува Червони.

Научниците утврдиле дека редовната консумација на овесни снегулки може да помогне во намалувањето на телесната тежина, индексот на телесна маса (БМИ), масните наслаги и обемот на половината.


Го подобрува варењето

Благодарение на богатството од влакна, овесната каша има благотворно влијание врз варењето. Комбинацијата од растворливи и нерастворливи влакна ги стимулира цревата и го олеснува празнењето.

„Овесната каша навистина може да помогне за здравјето на органите за варење“, нагласува Червони.

Половина шолја овесни снегулки содржи околу 4 грама диететски влакна, додека препорачаниот дневен внес за добро варење е помеѓу 25 и 35 грама.

Кога овесната каша не е здрава?

Со сите нејзини придобивки, се чини речиси невозможно овесната каша да биде нездрава, но, сепак, може да биде. Главниот виновник се инстант верзиите со додадени вкусови.

„Производителите на храна често додаваат големи количини шеќер за да го подобрат вкусот, а тоа поништува многу придобивки кои им припаѓаат на овесните снегулки“, предупредува Червони.


Нејзината препорака е едноставна – секогаш проверете ја етикетата и обрнете внимание на додадениот шеќер.

„Ако го има премногу, побарајте друга опција“, советува таа.

Ако сакате да ја засладите вашата овесна каша, најдобро е сами да го направите тоа. Мали количини кафеав шеќер, мед или јаворов сируп се прифатливи, но овошјето или зачините исто така можат да дадат природна сладост.