На фотографијата која ја гледате се наоѓаат 10 милиони долари само во дијаманти: Лорен и Џорџина го украле сето внимание на модната ревија на „Balenciaga“

Точка

15/10/2025

12:15

1.100

Големина на фонт

а а а

Лорен Санчез и Џорџина Родригез го украле сето внимание во првиот ред од ревијата на модната куќа „Balenciaga“ каде ги истакнале своите блескави прстени.

Двете дами седеле една покрај друга на настанот одржан во рамките на модната недела во Париз.

Санчез (55), од неодамна госпоѓа Безос, на левата рака го носела својот огромен дијамантски прстен, дело на омиленaта дизајнерка на накит на познатите, Лорен Шварц. За оваа прилика избрала да носи фустан со спуштени раменици и со ремен којшто го нагласува струкот, како и кожни чизми. Изгледот го надополнила со полукрената фризура и драматична црна панделка.

Покрај неа Џорџина Родригез (31) ги привлекла погледите дури со два прстени на рацете, вклучувајќи го и вереничкиот којшто партнерот Кристијано Роналдо ѝ го подарил во август.

Родригез блескала во црниот фустан со длабоко деколте и прорез до колената, а целокупниот впечаток го надополнила со црвен маникир и ѓердан со зелен камен во средината.

Вртоглава вредност на прстените на Родригез

Златарката Лаура Тејлор претходно детално го опишала прстенот на Родригез како „исклучително парче“ кое се состои од дијаманти во распон од 15 до 20 карати.

„Средишниот камен е опкружен со значајни бочни дијаманти, што дополнително го зголемува сјајот и го прави поимпресивен главниот камен“, изјавила Тејлор спомнувајќи дека фудбалската ѕвезда за ова парче накит издвоил над 2 милиони долари.


Меѓутоа, Нил Дута, извршен директор на „Angelic Diamonds“ проценил дека каменот е поголем, околу 30 карати и со самото тоа и повреден.

„Прстен со овој квалитет веројатно би вредел меѓу 3,7 и 4,9 милиони долари“.

Новиот прстен на Лорен Санчез вреди над 6 милиони долари

Што се однесува до Санчез, таа за Џеф Безос се венчаше во јуни годинава на раскошна церемонија во Венеција, а веста за нивната врска првпат стигна во јавноста во јануари 2019 година.

Нејзиниот нов прстен се проценува на скоро 45 карати. Ајај Ананд, извршен директор на компанијата „Rare Carat“ во јуни изјавил дека каменот е значајно поголем од нејзиниот оригинален веренички прстен со розов дијамант вреден 2.5 милиони долари за којшто претпоставува дека има околу 20 карати.

„А, познавајќи го Безос веројатно станува збор за Д-беспрекорен дијамант што вредноста лесно би се зголемила над 6 милиони долари“, изјавил Ананд сугерирајќи дека основачот на „Амазон“ не штедел.