[ФОТО] Пријателите и колегите се простуваат од Панчо: „Џуџе, широко небо... Се измори, пејте заедно“

Точка

14/10/2025

13:43

2.009

Големина на фонт

а а а

Речиси седум месеци по трагедијата која се случи во Кочани, а која ја потресе и завеа во црно цела Македонија, денеска почина Владимир Блажев – Панчо, од дуото ДНК.

Од приватната болница каде Панчо се лекуваше и сите се надевавме и молевме за позитивен исход, ја потврдија неговата смрт:

„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“.

По веста за смртта на Панчо, неговите пријатели не можат да ги сопрат своите емоции и својата тага ја искажуваат и на социјалните мрежи.

Еве дел од нивните објави:

Македонската инфлуенсерка и блиска пријателка на Панчо, Миа Костова, напиша:

„Џуџе, широко небо. Се измори, пејте заедно“.


Антониа Гиговска:

„Почивај во мир... Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, фала ти за се. Ќе ни фалиш многу на сите. Царство небесно!“.


Перо Антиќ:

„Џуџе мое. Ќе ми фалиш“.


Тијана Скулиќ:

„Патувај стари, не издржа... Светол нека ти е патот“.


Даниел Николовски:

„Скокав и плачев од радост кога те слушнавме летово. Денес, огромна тага и гнев. Зошто? Те познавав кратко, но вистинска чест ми е што запознав голем човек пред сѐ. Широко небо Панчо, пеј со ангелите горе. Те сакаме“.


Мартин Трајановски:

„Ќе те памтам како еден од најспонтаните луѓе што некогаш застанале пред мојот објектив, се сеќавам, оваа сесија ја изработивме буквално во 15 минути... Незаменлив“.

Христијан Тасковски - Таско: 

„Душата ми е распарчена стари... Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам. Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.

Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг... Стари мој, се што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.

Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе ја носам љубовта во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш...“.