[ФОТО/ВИДЕО] Сергеј и Лазаров повторно се споија: „УРОК“ - вашата нова доза позитивна енергија

Точка

13/10/2025

20:39

385

Големина на фонт

а а а

Сергеј Варошлија и Стефан Лазаров се соединуваат за „УРОК“ – место каде модата, шоубизнисот и културата се на едно место. Сергеј со својот препознатлив стил и остар поглед, и Стефан со хумор и енергија што привлекува илјадници следбеници, ветуваат часови полни со смеење, интересни разговори и трендовски инспирации.

Подкастот е создаден за сите кои сакаат да бидат во тек со актуелните случувања во Македонија, но и со она што е „зад сцената“ – од модни ревии и шоубизнис новитети, до културни трендови и социјално-општествени теми. „УРОК“ е комбинација од информација и забавен пристап, каде што двајцата водители споделуваат искуства, анализираат случувања и провоцираат мислења.

Почнува нов поткаст, заедно со Сергеј Варошлија!


Време е за новитет во етерот, забавен концепт кој ќе биде посветен на...

Posted by Stefan Lazarov on Вторник, 7 октомври 2025

Сергеј, како моден експерт и ТВ водител, ја инспирира публиката со својот уникатен пристап кон естетиката и културата. Стефан, пак, преку својата присутност на социјалните мрежи и харизма, знае како да привлече млади и активни следбеници, и да ги одржува нивните интереси со свеж и динамичен контент.

„Време е за новитет во етерот, забавен концепт кој ќе биде посветен на социјално-општествени теми, шоубизнис, мода… Секој четврток во 21:00 гледајте ‘УРОК’! Нека ни е со среќа“, најавува Лазаров на својот Фејсбук профил.

„УРОК“ комбинира модна експертиза, инфлуенсерска енергија и хумор, и ветува да ги освежи редовните слушатели, да отвора интересни разговори и да ги воведе во светот на културата и забавата.


Автор: Ц.Н.