[ФОТО] „Му ги милував косата, рацете и стапалата“: Дино Мерлин ги расплака присутните на комеморацијата за Халид Бешлиќ

Точка

13/10/2025

15:04

925

Големина на фонт

а а а

Комеморацијата за легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ започна во 11 часот наутро во Народниот театар во Сараево, а започна со минута молчење. Потоа, се обратиле внуците на Халид, Ламија и Белмин, кои порачале дека тој за нив бил „љубов, гордост и штит“ за нив.

 Зборуваа и многу колеги на Халид, како што се Емир Хаџихафизбеговиќ, Фахрудин Пецикоза, Енис Бешлагиќ и други, а говорот на Дино Мерлин беше особено емотивен, којшто расплака многумина во публиката.


„Зборовите се зборови, но сликите и чувствата зборуваат повеќе. Ќе споделам со вас неколку слики и моменти кога последен пат го видов Халид. Топла соба, октомвриска ноќ, некоја благост во неа. Тој дремеше, и во сон од устата му се „лизна“ пцовка кога го свртувавме настрана. Се насмеавме. Му ги раскажував форите на Сидран и Гљива, повторно се смеевме. Се смеевме за да не плачеме, да ја измамиме болката, да ја измамиме смртта. Му донесов чоколадо, „Мерси“. Мерси, Халид. Ти благодарам, Халид“, рекол Дино Мерлин низ солзи, а потоа продолжил:


„Му ја галев косата, рацете и стапалата, чистите бели калчуни, калчуните на Халид. Каков е тој минимализам, нешто толку едноставно, толку посебно. Нешто толку потребно како брашно, како хартија, како сол. Нешто толку топло како нашиот Халид. Патувај, бела птицо, во џенетското лозје. Многу вода ќе протече низ Босна додека не се роди таква душа, многу вода ќе протече низ Босна дотогаш. Каде и да си, сакан да си. Каде и да си, сакан да си“, заклучил Мерлин.