[ФОТО/ВИДЕО] Семејството Фјури ја поддржа свршувачката на ќерката (16): „Тоа е во согласност со нашите традиции“

Точка

12/10/2025

16:24

4.600

Големина на фонт

а а а

Парис Фјури застана во одбрана на одлука за свршувачка на нејзината ќерка Венецуела (16) откако веста предизвика бројни реакции.

Минатиот месец, мајката на седум деца ги изненади своите следбеници објавувајќи дека нејзината најстара ќерка се свршила на прославата на нејзиниот 16-ти роденден, пишува „LADbible“.

Поделени реакции од обожавателите

Моментот на запросувањето беше споделен во видеото на Инстаграм, каде што Венецуела стои на подиумот за танцување додека нејзиното момче клекнува на едно колено. Одлуката предизвика поделени реакции од обожавателите на семејството Фјури. Додека некои истакнаа дека Венецуела сè уште законски се смета за дете и е премногу млада за свршувачка, други го бранеа потегот, велејќи дека е во согласност со верувањата и традициите на нивната етничката група ирски патници (Irish Travellers) која живее во Велика Британија.


„Тоа е во согласност со нашите вредности“

Парис, сопругата на боксерскиот шампион, Тајсон Фјури, сега ја потврди својата поддршка во ново интервју за „Мирор“, велејќи дека семејството е „многу среќно за неа“. Таа призна дека нејзината ќерка е млада, но нагласи дека оваа пресвртница е „во согласност со нашите традиции и вредности“.

„Ја охрабрував да чека што подолго, но таа беше решена“, објасни 35-годишната Парис. „Сите сме толку среќни за неа и Ноа – тие се одличен пар и навистина се возбудени за ова следно поглавје во нејзиниот живот. Да, таа е млада, но како што сите знаеме, тоа е во согласност со нашите традиции и вредности“. Парис додаде и лична споредба: „Бев свршена со Тајсон кога имав 17 години, така што не сме толку далеку по возраст“.


Според сегашниот британски закон, паровите во Англија и Велс мора да имаат 18 години за законски да стапат во брак, додека шкотскиот закон им дозволува на паровите над 16 години да го сторат тоа. Парис и Тајсон наводно почнале да се забавуваат на нејзиниот 16-ти роденден, а се венчале кога имале 19 и 21 година.

Кој е свршеникот на Венецуела Фјури?

Идниот зет на Тајсон Фјури е Ноа Прајс, аматерски боксер од Честерфилд АБЦ. Неговата возраст не е јавно позната. Младиот борец има поддршка од својот иден дедо, кој неодамна се заложи за млади парови што рано се венчаваат.


Во објава на Инстаграм за која обожавателите веруваат дека е одговор на критиките, Тајсон ја сподели пораката: „Пред 50 години, луѓето се венчаваа на 18 години и остануваа заедно додека смртта не ги раздели. Денес, луѓето чекаат додека да наполнат 30 години за да се венчаат и се разведуваат во рок од три години“.