„Ме погодуваат приказните дека немам деца затоа што сум себична — никој не знае низ што проаѓав“

Точка

09/10/2025

11:44

2.759

Големина на фонт

а а а

Џенифер Анистон во емотивна исповед проговори за долгогодишната борба за потомство, но и за коментарите што ја следат во текот на целата нејзина кариера.

Славната актерка Џенифер Анистон во најновото интервју за „Harper’s Bazaar UK“ за првпат отворено проговори за својата борба да стане мајка.


Џенифер, која денес ужива во љубовта со Џим Кертис, истакна дека никогаш не сакала јавно да ги споделува своите лични проблеми, но дека ја погодуваат коментарите во кои луѓето велат дека не сака деца бидејќи е себична кариеристка.

„Ме погодуваат тие приказни дека немам деца затоа што сум себична. Никој не знае низ што проаѓав последниве 20 години, додека се обидував да создадам семејство, бидејќи не излегувам во јавноста и не зборувам за моите здравствени проблеми. Но, доаѓа момент кога едноставно не можеш да ги игнорираш сите тие приказни — дека никогаш нема да имам дете затоа што сум себична и зависна од кариерата. Тоа ме боли. Јас сум само човечко суштество“, изјави таа искрено.


Уште во 2022 година, Џенифер откри дека во доцните триесетти и четириесетти години водела тешка битка, поминувајќи низ процеси на вонтелесно оплодување и призна дека жали што не замрзнала јајце-клетки додека била помлада.

Покрај тоа, шпекулациите дека Бред Пит ја оставил затоа што не сакала да има деца ги нарече „апсолутна лага“.