Американската актерка и комичарка Ејми Шумер сподели нова фотографија на која ја покажува својата витка фигура.
Имено, Шумер неодамна патувала во Лас Вегас со пријателите Алекс Сакс и Џилијан Бел, па објавила фотографија на која јасно се гледа нејзиното значително намалување на телесната тежина.
Под нејзината објава следеле низа коментари од фанови кои ја пофалија нејзината трансформација.
„Слаба мама“, „Нозете ти се во прв план“, „Мораш почесто да ги покажуваш нозете“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.
Шумер и претходно отворено зборуваше за процесот на слабеење, вклучително и за „страшното искуство“ со „Оземпик“, и откри дека во 2022 година се одлучила за липосукција.
„Пробав Оземпик пред речиси три години и бев прикована за кревет. Повраќав и немав енергија, но други луѓе го земаат и изгледа дека сите се добро“, изјави таа.
Понатаму призна дека симптомите кои ги имала по земањето на лекот не вределе за брзото слабеење. За овој лек и целиот процес зборуваше и во 2023 година во емисијата „Watch What Happens Live“, каде рече:
„Бидете искрени со луѓето. Кога се одлучив за липосукција, го кажав тоа јавно, ништо не криев“.
Шумер неодамна откри дека пронашла комбинација на лекови што ѝ донеле добри резултати и нагласи дека ѝ е важно секогаш да биде транспарентна кога станува збор за слабеењето и нејзиното здравје, пишува „People“.
„Сите пред камерите ги прават овие с*ања, јас само сакав да бидам искрена во врска со тоа“, порача таа.