По 30 години откриен: „Ноќниот предатор“ призна вина за сексуалните напади во Сиднеј

Макфакс

23/09/2025

12:03

280

Големина на фонт

а а а

Австралиецот Глен Гери Камерон (61), познат како „Ноќниот предатор“, призна вина за серија сексуални напади врз жени во Сиднеј на почетокот од 1990-тите.

Камерон беше уапсен минатата година на аеродромот во Сиднеј, откако полицијата со нови ДНК анализи ги поврза старите случаи. Тој се изјасни виновен за 13 од вкупно 36 дела, меѓу кои 11 обвинувања за тешки сексуални напади со закана со оружје.

Жртвите, осум жени на возраст од 17 до 45 години, најчесто биле мамени со лажни понуди за работа и нападнати во близина на железнички станици и паркови. Пресудата се очекува следниот месец.