Што ќе се случи со државата ако минималната плата е 800 евра?

Точка

23/09/2025

14:12

1.314

Големина на фонт

а а а

Што ако утре, некако по чудо, се разбудиме со минимална плата од 800 евра? Звучи како бајка, нели? Или барем како од оние вечно одложувани владини стратегии што завршуваат во фиока, покриени со прав и заборав.

Но, да го одлепиме слојот на желби и да погледнеме што всушност би значело тоа — и зошто, иако сите го посакуваат, никој не се осмелува сериозно да го спроведе.

Во моментов, минималната нето плата во Македонија изнесува околу 24.000 денари — околу 400 евра. Просечната плата е нешто над 45.000 денари (околу 735 евра), а медијанската плата, онаа што ја добива „средниот“ вработен, се движи околу 38.000 денари, или 620 евра.


Со други зборови, идејата за минимална плата од 800 евра значи да се постави дното повисоко од сегашниот просек. Скок од над 120 проценти. За една економија која бележи раст од 2 до 3 отсто годишно, тоа е… како да ставиш мотор од Формула 1 во стар автомобил. Прво ќе брчи многу гласно, па ќе почне да чади и на крајот ќе се запали.

„800 евра минимална плата во Македонија би значело зголемување за над двојно во однос на сегашното ниво. Без продуктивност што ја следи таа бројка, тоа е како да ставиш турбо мотор во старо возило – прво ќе летне, па ќе се распадне“, велат економистите.

Според нив, ваков скок би ги погодил пред сè малите и средни претпријатија, кои веќе кубурат со високите придонеси и цената на енергијата.

„Во земја каде 95% од фирмите се микро или мали, а само 15% од работниците се членови на синдикат, ваква мерка без сериозна продуктивносна стратегија е економско самоубиство“, додава тој.

Работниците, пак, имаат сосема поинаква слика.

„Со 400-500 евра не се живее. Не се преживува. Ако некој мисли дека ќе ја задржи младината со толкави плати, се лаже“, вели Игор, келнер од Скопје, кој веќе неколку месеци размислува да замине за Германија.


И тој, како многумина, ја гледа платата не како бројка, туку како карта – карта за достоинствен живот или билет во еден правец кон странство.

Според официјалната статистика, над 150.000 Македонци работат во земји од ЕУ, а секоја година заминуваат нови 10.000 до 15.000.

„Нас не нè бркаат со сила, туку нè истиснува сиромаштијата“, вели Игор.

Но што ако… државата успее да ја подигне минималната плата без да ја урне економијата?

Теоретски, велат некои аналитичари, тоа би барало огромна продуктивносна реформа: дигитализација на јавната администрација, инвестиции во технологија, намалување на сивата економија која сега учествува со околу 32% од БДП, и намалување на даночната евазија што државата ја чини повеќе од 500 милиони евра годишно.

„Тоа се болни, непопуларни реформи. Сите знаат дека се нужни, никој не сака да ги направи. Политичарите мислат на избори, не на генерации“, искрено коментираат аналитичарите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.