Бербок не се гледа како кандидатка за функцијата генерален секретар на ОН

Нетпрес

23/09/2025

14:16

136

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, не се гледа како кандидатка за генерален секретар на Обединетите нации, но верува дека би било „прекрасно“ за првпат една жена да ја преземе оваа функција, јавува ДПА.

Поранешната шефица на германската дипломатија за списанието „Штерн“ денеска даде коментар дека жена генерален секретар е „задоцнета по 80 години“.

„Но, не доаѓа предвид јас да ја преземам функцијата“, рече таа, пренесена од ДПА.

Бербок појасни дека нејзината работа е да го води процесот на избор на генералниот секретар, „а тоа е доволно тешко во оваа ситуација во светот“.

Актуелниот генсек на ОН, Антонио Гутереш, деветтиот човек што е на оваа позиција, треба да се повлече на крајот од следната година по два мандати на функцијата.

Откако беше највисоко рангираниот германски дипломат од 2021 до 2025 година, Бербок претходно овој месец ја презеде својата едногодишна позиција на претседателка на Генералното собрание на ОН, потсетува германската агенција.

Меѓу нејзините задачи е да ја надгледува Генералната дебата во Њујорк, која започнува денеска, а на која ќе присуствуваат и учествуваат повеќе од 140 светски лидери.

На годинашнава дебата најверојатно ќе доминира темата за војната во Газа.