Доаѓа нова магија од KFC! Новите KFC NUGGETS се уште повкусни, покрцкави и поубави!

Точка

17/09/2025

16:20

139

Големина на фонт

а а а

Храната во KFC ги надминува очекувањата дури и на оние најпребирливите. Во менито може да ги најдете новите пилешки KFC NUGGETS, кои навистина вреди да се пробаат.

Крцкави однадвор, а внатре меки, со навистина прекрасен вкус за љубителите на пилешко месо. Направени од 100% чисто пилешко месо кое не е процесирано, кое ги има поминато сите сертифицирани контроли за здрава храна, со цел да претставува стандард за квалитет во својата категорија.

Уште откако излегоа на пазарот брендот KFC се наметна со интересни понуди во менито, за конзументи на сите возрасти. Овој бренд за брза храна, постојано го унапредува квалитетот, и ги подигнува стандардите, што е и причина консументите да му веруваат, да го преферираат во однос на сите останати брендови на пазарот. 


Тајната е во традиција стара повеќе од 72 години, на посветеност и подготовка на храна со многу љубов и страст! Нема кој не посакал повеќе од крцкавите KFC NUGGETS, кои ги карактеризира полн вкус, а направени се од 100% пилешко бело месо (секое парче внимателно избрано), по оригинален рецепт со 11 тајни билки и зачини.

И ако во KFC забележите метеж и долги редови од луѓе кои трпеливо чекаат да го купат својот омилен оброк, да знаете дека вреди секоја минута за прекрасната храна подготвена од вработените во KFC.

Па така ако сакате новата девојка да ја импресионирате, со другарите да го прославите роденденот, илиб фамилијарно да се почестите со нешто вкусно, или пак само едноставно да уживате во храната, тогаш KFC е изборот. Новите KFC NUGGETS се совршени за грицкање во движење, за ручек или вечера, за млади, но и за постари. Секој сака кога нешто е убаво!


За гурмани, кои сакаат и нешто посилно и поинаку тука се различните сосови како Garlic, Kentucky Gold, Supercharger, Sweet Chili и BBQ, па така останува само да одберете кој вкус најмногу ви одговара!

KFC продолжува да иновира, без да го изгуби својот препознатлив вкус. А новите KFC NUGGETS се новата ѕвезда на менито!

Комерцијален текст