„Најдобриот сос на светот“ се прави од само три состојки: Тестенините ќе имаат идеален вкус

Точка

16/09/2025

15:00

196

Големина на фонт

а а а

Тестенините за многумина се едно од омилените јадења, а сосот од домат којшто „delish.com“ го прогласил „најдобар сос на светот“, може да го направите од само три состојки.

Овој рецепт првобитно бил објавен во 1992 година во книгата „Essentials of Classic Italian Cooking“ на кулинарската авторка Марсела Хазан.

За негова подготовка потребни ви се конзервиран домат, кромид и поголемо парче путер.


„Ниту еден друг сос не е поуспешен во претставувањето на италијанската кујна од добро подготвениот сос од домат“, навела Хазан во книгата.

Половина главица кромид ставете во тенџере со путер и конзервиран домат, а потоа оставете ги на лесен оган 45 минути. За разлика од поголемиот број на останатите методи за подготовка на сос од домат, за овој рецепт не е потребно сечкање, пржење ниту додавање зачини.

„Марсела беше гениј кога станува збор за вкусот. Веднаш сфати како вкусот влијае на јадењата. Се запраша: Зошто да го сечкаш кромидот? Зошто да го динстуваш? Ќе го ставам кромидот, доматот и путерот заедно и ќе заборавам на останатото“, раскажал претходно нејзиниот сопруг Виктор Хазан.