[ФОТО] Сите занемеле од нејзината убавина: Иванка Трамп во фустан со кристали од кој запира здивот

Точка

17/09/2025

08:40

1.493

Големина на фонт

а а а

Ќерката на американскиот претседател ги украла погледите во фустанот којшто е вистинско ремек-дело.

Иванка Трамп ги привлекла погледите кога пред неколку денови во придружба на својот сопруг Џаред Кушнер се појавила во Атлантик Сити, во фустан којшто бил преполн со дијаманти.

Многумина биле изненадени од нејзиниот избор на облека со оглед на тоа што сме навикнале да ја гледаме во монохроматски комбинации кои се спротивност од оваа креација во која блеснала.

Овојпат Иванка одлучила да внесе доза гламур во својот стајлинг и направила полн погодок.

Фустанот на популарниот Џорџ Хобеик со прорези и деликатни синџирчиња лесно го допирал подот, додека пак сребрените детали блескале пред фотоапаратите.

Својот изглед Иванка го надополнила со отворени сребрени потпетици и црна чанта од брендот „Botega Veneta“.


Сепак, не отстапила од својата стандардна фризура. Нејзината руса коса била рамна и елегантна, додека пак шминката го истакнала нејзиниот гламур. Имала само сјајна сенка за очи, руменило и сјај за усни.

Џаред исто така бил совршено стилизиран, носејќи класичен, црн смокинг. Парот позирал пред фоторепортерите, а Иванка не одолеала нивните заеднички фотографии да ги сподели на социјалните мрежи.


Иванка има дефиниран моден стил, а тоа е така поради тоа што во младоста била посветена на модата. Кој и да го следел нејзиниот професионален пат знае дека во 90-тите била модел и дека шетала на пистите носејќи некои од најпознатите креации на модните светски креатори.