[ВИДЕО] Животот во најскапиот град на светот: Ѕирнете во становите од 9 квадратни метри кои се издаваат за 500 евра месечно

Точка

12/09/2025

18:48

1.453

Големина на фонт

а а а

Животот во Хонгконг е екстремно скап. Односно според истражувањето на финансиската консултантска куќа „Мерсер“, овој посебен административен регион на Кина се смета за најскапо место за живеење веќе трета година по ред.

Панорамата на Хонгконг е прошарана со високи облакодери и станбени згради кои нудат станови за сечиј вкус и буџет. Најевтината опција е да се изнајми еднособен стан, кој во просек чини помеѓу 1.300 и 2.300 евра.


Меѓутоа во квартот „Quarry Bay“, постои невообичаена зграда со дистописки изглед наречена „Чудовиште“, а која нуди поевтино сместување.


Евтино сместување во најскапиот град во светот

„Чудовиштето“ всушност не е една, туку пет монументални и меѓусебно поврзани згради кои формираат комплекс со 2.243 станови и се дом на околу 10.000 жители.


Владата го изградила комплексот во 1960-тите по брзото зголемување на населението за да им понуди место за живеење на луѓето со ниски приходи.


Јутјуберката Ешли Ким покажа каков изгледа животот во „Чудовиштето“. Минатата година живеела во стан од 9 квадратни метри и како што рече, не било толку лошо како што може да изгледа на прв поглед.

Нејзиниот стан од 9 квадратни метри се состоел од една соба, која била поделена на простор за спиење, работен простор, кујна и простор за складирање.

Во периодот на пребарувањето простор за живеење, малите станови во „Чудовиштето“ се изнајмувале за 465 до 800 евра.