[ФОТО] Селена Гомез е толку заљубена во овој фустан, па го купила во сите бои

Точка

13/09/2025

16:28

479

Големина на фонт

а а а

Венчавката на Селена Гомез и Бени Бланко е сè поблиску, а се шушка дека е закажана веќе за овој септември. Гостувајќи изминатата недела кај Џими Фалон, пејачката и актерка не откри точен датум, но потврди дека свадбата ќе се одржи наскоро.

Дали ќе одбере креација на Вивиен Вествуд, Вера Ванг или некој трет, останува да се види, но нејзините неодамнешни модни избори откриваат кон кој бренд моментално е најмногу приврзана.


Црвената за среќа

Ѕвездата на серијата „Only Murders in the Building“ и основачка на брендот „Rare Beauty“ прошетала низ Њујорк во впечатли црвен хеклана мини-фустан со спуштени раменици, со потпис на брендот „Cult Gaia“, пренесува „Vogue“.


Станува збор за моделот „Kaela“ кој го красат нежни, 3D цветни апликации, а Гомез го искомбинирала со свилени црвени сандали со ремчиња и дијамантски обетки што висат. Изгледот го заокружила со залижана пунџа, црвен маникир и педикир и, секако, свршеничкиот прстен кој не останал незабележан.

Ист фустан, друга пригода

Интересно е што не е првпат Селена да го носи овој модел. Во август го облекла истиот фустан, но во валкано бела боја, како дел од нејзината гардероба за девојачката забава во Кабо, кога го комбинирала со вел.


Изборот на црвената верзија за Њујорк е паметен потег на неа и нејзината стилистка Ерин Волш, со оглед на тоа што црната и црвената боја се провлекуваат како дрес-код на промотивната турнеја за серијата „Only Murders in the Building“.

Верност кон брендот „Cult Gaia“

Се чини дека „Cult Gaia“ станал основа на гардеробата на Гомез. Нивните софистицирани фустани и парчиња се идеални и за црвени килими, но и за приватни настани. Така пејачката носела црвен плетен ролка-фустан „Katara“ од истиот бренд на свадбата на пријателка на почетокот од август.


За лансирањето на својот парфем „Rare Eau de Parfum“ таа се одлучила за бел, светкав фустан со реси, кој исто така го комбинирала со сандали од истиот бренд, моделот „Bambu“. Многумина прокоментираа дека тој лежерен, но гламурозен изглед е можен навестувач на стилот што ќе го избере за својата свадба, особено затоа што „Cult Gaia“ годинава ја лансираше својата прва колекција венчаници.


Иако и Марго Роби, Аманда Сејфрид и Кајли Џенер покажале наклонетост кон овој бренд, сепак изгледа дека Гомез е неговата најлојална обожавателка.

Нов елегантен стил

Во соработка со стилистката Волш, Гомез изградила префинет и елегантен стил. За време на престојот во Њујорк и промотивната турнеја, тие се држеле до строга црвено-црна палета на бои и изразено женствени силуети.

Ден претходно, Селена носешла две „Jacquemus“ мини-фустанчиња – едното во боја на цреша, а другото во црна боја – во комбинација со чевли со потпис на „Louboutin“ и Black „Suede“. Уште еден елегантен вечерен изглед вклучувал црн корсет-фустан со тенок шал завиткан околу вратот.


Дали оваа посветеност на црвено-црната комбинација е навестување на нешто ново, како лансирање на производ во рамките на „Rare Beauty“ или почеток на нова музичка ера? Или, пак, тоа е едноставно најава на есенските модни трендови? Што и да е, на Селена Гомез ѝ го олеснува облекувањето и ѝ обезбедува секогаш да изгледа беспрекорно шик.