[ВИДЕО] Соња (57) и Марко (69) станаа родители, коментарите за нивната возраст не ги загрижуваат оти го живеат сонот

Макфакс

11/09/2025

19:26

1.275

Големина на фонт

а а а

Екипа на „Проверено“ во Црна Гора ги посети Соња (57) и Марко Миротиќ (69) и нивното 5 и пол месечно девојче со симболично име Богдана.

Родителите достигнаа значителна возраст, што предизвика бројни реакции низ целиот регион, но не се грижат за тоа. Соња и Марко стојат зад осум спонтани абортуси, две процедури за инсеминација, години борба со неплодност, неуспеси, разочарувања.

„Ние сме исполнети како родители, нашите срца се полни. Ова е чудно чувство, задоволство. Сега би плачела, но нема да плачам. Цел живот сонував за ова“, открила гордата мајка за Проверено. Кога влегла во менопауза на 50 години, мислела дека тоа е крајот на нејзините соништа.

Сепак, тие успеале да го остварат својот сон благодарение на 24-годишен донор на јајце клетки, на приватна клиника во Македонија. За донорот, во видеото велат го знаат само основниот податок, дека не е од Црна Гора.

Со оглед на тоа што Соња се опоравува, Марко го презел поголемиот дел од грижата за малото девојче. Често му велат дека „Богдана изгледа исто како неговиот дедо“. „Потоа им велам – јас не сум нејзин дедо, јас сум нејзин татко. Па се засрамуваат“, се шегува Марко.

Тие имаат уште две замрзнати јајце клетки, но не планираат да имаат друго дете, иако би сакале.

„Доволно сме возрасни, би било убаво, но не сум сигурна дека би можела да издржам“, искрено рекла Соња.