Милан беше најактивен италијански клуб на трансфер пазарот и режираше голем број операции во два правци, а сето тоа направи да видиме една уникатна слика по последниот ден од летниот преоден рок.
Новиот директор Игли Таре во соработка со Масимилијано Алегри одлучија дека е потребен еден целосен ремонст и вистински егзодус во првиот тим, па по крајот на истиот, останаа само девет фудбалери кои беа дел од тимот минатата сезона.
Драстичните промени донесоа целосно реновиран тим за популарниот Макс, а од минатата сезона останаа само Мајк Мењан, Лоренцо Торијани, Фикајо Томори, Рубен Лофтус-Чик, Матео Габија, Страхија Павловиќ, Кристијан Пулишич, Рафаел Леао и Јусуф Фофана.
Разочарувачката сезона која донесе и две тренерски промени го натера раководството на целосен нов проект, па така ова лето беа продадени големи ѕвезди како Рејндерс, Тео Ернандес и Чау, Окафор и Калулу, но од друга страна, беа донесени Лука Модриќ, Адриен Рабио, Закари Атекаме, Первис Еступињан, Кони де Винтер, Самуеле Ричи, Ардон Јашари, Кристофер Нкунку и Давид Одогу.
Новиот Милан тргна со шокантен пораз од Кремонезе во првата рунда, но во второто коло се рехабилитираше од сензацијата и победи на гостувањето кај Лече.
😳 The players left from #ACMilan's squad at the start of last season
— SempreMilan (@SempreMilanCom) September 1, 2025
📸 Reddit/ACMilan pic.twitter.com/zIE8XEzFki