Матета доби жолт картон поради препознатливата прослава, шокираниот Палмер порача: Фудбалот исчезнува

Дерби

02/09/2025

14:23

905

Големина на фонт

а а а

Кристал Палас ја освои „Вила парк“ во Бирмингем и ја запиша првата победа во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, триумф кој дојде навистина многу добро за „орлите“ по двете реми средби на стартот.

Тимот на Глазнер славеше со 0:3 и запиша авторитативна победа против силната Астон Вила, но овој натпревар привлече внимание и поради еден момент од првото полувреме.

Жан-Филип Матета го отвори резултатот со гол од пенал во 21-та минута, но набрзо откако го направи тоа, влезе во судискиот бележник поради несекојдневна одлука на главниот арбитар.

Матета ја режираше својата традиционална кунг-фу прослава и го закачи корнер знаменцето, по што судијата Атвел реши да му покаже жолт картон.

Сите фудбалери од гостинскиот тим останаа во неверица од одлуката на судијата, а шокиран е и Кол Палмер кој се јави со оригинален коментар на социјалните мрежи.

– Фудбалската игра исчезнува…