Ерик Тен Хаг пристигна со големи амбиции во Баер Леверкузен и имаше за план да ја наследи добрата работа на Чаби Алонсо, но после само две комплетирани рунди во Бундеслигата, Холанѓанецот доби „шут-карта“ и брутален отказ од раководството на клубот.
„Фармацевтите“ реагираа навистина безмилосно и немилосрдно со поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, а во ситуација кога не доби вистинска шанса да се докаже, Тен Хаг не го крие разочарувањето од одлуката на водечките луѓе на клубот.
Тен Хаг се јави преку својата агенција и ја искажа фрустрацијата за заработениот отказ, при што нагласи дека Леверкузен може да жали за својот потег во блиска иднина.
– Одлуката на раководството на Баер Леверкузен целосно ме изненади. Да се разделите со еден тренер после две комплетирани кола е фудбалски преседан! Ова лето си заминаа многу клучни фудбалери кои беа заслужни за успесите во минатото, а градењето на нов кохезивен тим е внимателен процез кој бара време и доверба.
– Новиот тренер заслужува простор и доверба за да ја спроведе својата визија, да ги постави своите стандарди и да го обликува тимот според своите замисли. На еден тренер му е потребно време за да остави свој белег врз стилот на игра. Јас ја стартував оваа авантура со целосно убедува и енергија дека го правам вистинскиот потег, но за жал, раководството не беше подготвено да ми ја даде довербата која ми е потребна.
– Чувствувам дека ова никогаш не беше однос базиран на меѓусебна доверба, но тоа е што е. Во мојата кариера, секоја сезона која ја водев до самиот крај, тоа му носеше успех на клубот кој го водам. Клубовите кои ми изгласаа доверба на крајот беа наградени со успех. За крај, сакам да им се заблагодарам на навивачите на Баер Леверкузен за нивната топлина и страст, а на тимот и новиот стручен штаб им посакувам успех до крајот на сезоната, – гласи соопштението на Тен Хаг.